Mercedes-Benz повлекува речиси милион модели на возила поради неисправни сопирачки

Германскиот производител на автомобили Mercedes-Benz повлекува речиси милион постари модели на возила од целиот свет поради потенцијални проблеми со системот за сопирање, јавува Би-би-си.

Во текот на викендот, компанијата соопшти дека ќе стапи во контакт со сопствениците на возила бидејќи нивните сопирачки би можеле да бидат загрозени од она што тие го нарекоа „напредна корозија“.

Повлекувањето се однесува на вкупно 993.407 возила, од кои 70.000 во Германија.

Mercedes повлече сличен број автомобили минатата година поради безбедносни проблеми со нивниот систем за итни повици.

Компанијата соопшти дека возилата во последното отповикување биле произведени помеѓу 2004 и 2015 година и биле од нејзините серии SUV и луксузни мини комбиња R-класа ML и GL.

„Откривме дека кај некои од овие возила, функцијата на засилувачот на сопирачките може да биде под влијание на напредна корозија во областа на куќиштето“, се вели во соопштението на Mercedes објавено во саботата.

Тие додаваат дека постои можност особено силен или ненадеен маневар на сопирање да предизвика механички оштетувања на засилувачот на сопирачките, се наведува.

– Во вакви ретки случаи, не би било возможно да се забави возилото преку главната сопирачка. Ова би го зголемило ризикот од судир или повреда – додаваат од компанијата.

Mercedes-Benz соопшти дека веднаш ќе започне со повлекувањето и дека процесот ќе вклучува проверка на потенцијално неисправните возила и замена на делови доколку е потребно.

Related posts

Тања Савиќ во венчаница – градоначалникот на Бања Лука се налути

CityLife

Издлаби компир а тоа што го направи следно ќе ве воодушеви

CityLife

Картиците ќе бидат минато: Доволно е само да се застане пред банкоматите

CityLife