Kia EV6 – автомобил на годината во Македонија

Kia Ev6 Cotym 2024 1.jpg

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија” годинава по 29-ти пат го организира изборот кој е најстарата манифестација од ваков тип во Македонија. Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија” согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди пет финалисти кои конкурираа за титулата „Автомобил на годината во Македонија за 2024″. Листа финалисти ја сочинуваа (наведени по азбучен ред): – Jeep Avenger, Kia EV6, MG4, Renault Austral, Škoda Enyaq. Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија” со гласање реши титулата да му ја додели на: Kia EV6

Ова возило доби 3 гласови од четиричленото жири. EV6 не само што е првиот модел на Kia направен на новата електрична глобална модуларна платформа, туку и првиот автомобил што ја има имплементирано смелата нова дизајнерска филозофија на компанијата. Тоа заедно со динамичните перформанси, импресивната автономија и брзото полнење на батериите навистина го претставуваат EV6 како нешто посебно. Во внатрешноста обезбедува комфор и пространост на лимузини од висока класа, а поставува и нови стандарди во однос на технологиите за помош на возачот и инфозабава.

Related posts

Синот на руски милијардер му помогнал на таткото да го сокрие богатството во најскапиот развод во Британија

CityLife

На аукција видео со Кејт Мос како спие

CityLife

Овие јаткасти плодови носат најмногу придобивки за телото

CityLife