Во скопските кина наскоро филмот “Такси 5” за љубителите на бркотници со бесни автомобили

Во скопските кина наскоро публиката ќе се потсети на бркотниците со полициските автомобили и белото такси по француските улици од филмот “Такси” преку уште едно продолжение, сега веќе петто по ред.

 

Во најновиот “Такси 5” во режија на Франк Гастамбиде приказната се плете околу полицаецот кој што е префрлен во полициската станица во Марсеј, и кој има задача да фати банда Италијанци кои возат моќни автомобили “ферари” заедно со постарата внука на Даниел, возачот на легендарното бело такси. За љубителите на филмови со бркотници на бесни и брзи автомобили, полициски акции и комични ситуации ова е вистински избор.

Улогите во оваа француска акција од 2018 година ги толкуваат Салваторе Еспосито, Сабрина Озани, како и режисерот Гастамбиде.

Related posts

Сите токсични состојки во една цигара

CityLife

Колку често користите јаболков оцет и што тој му прави на вашето тело?

CityLife

Човечкото тело има уште еден орган

CityLife