Откриени таблети кои даваат чувство на ситост?

290122033834tableteasyswallow.jpg

Научниците веруваат дека новите таблети за слабеење кои даваат чувство на ситост би можеле да им помогнат на милиони луѓе во борбата против прејадувањето и дебелината.

Научниците открија дека раните резултати од истражувањето се навистина ветувачки, а станува збор за експериментален лек, во форма на капсула, кој всушност го „мами“ телото да помисли дека е „полно“, односно дека не му треба повеќе храна.

Капсулата е слична на оземпик, само во овој случај нема да мора да се инјектирате, туку се пие како лек. Како што тврдат научниците, оние кои земале од капсулите изгубиле во просек 13 отсто од својата тежина по само 12 недели.

За разлика од популарниот оземпик, новиот изум или лек содржи само хранливи материи, што значи дека потенцијално нема никакви несакани ефекти.

Сепак, потребно е дополнително тестирање пред пилулата, која сè уште нема име, да биде достапна за купување и употреба.

Лекот го открила д-р Мадуза Пеирис, невронаучник од Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон, која тврди дека таблетата го мами телото да произведе повеќе од хормонот пептид-1 сличен на глукагон, кој го регулира апетитот и ситоста.

Лековите како што е оземпик се синтетички и го имитираат хормонот.

Мадуза Пеирис за Сан го кажа следново:

„Ние развивме начин како луѓето да се чувствуваат сити, без прејадување, со хранливи материи. Досега никој немал несакани ефекти, а се сомневаме дека тоа е затоа што тоа се хранливи материи кои и онака се во вашата исхрана, што е многу различно од лековите за слабеење досега. Ниту една друга компанија не го користи овој пристап заснован на хранливи материи“.

Лекарот исто така додаде дека дебелината е глобален јавно здравствен проблем кој бара безбедни, ефективни, достапни и бесплатни третмани за борба против и намалување на бројот на дебели луѓе.

„Покажавме во клиничко испитување дека нашиот пристап заснован на хранливи материи може да го намали внесот на храна, а сега треба да покажеме како различните дози имаат различни ефекти. Ова ќе ни овозможи да направиме производ кој е природен, но клинички докажан и потврден за истиот стандард како и фармацевтски лек“.

Related posts

Аријана Гранде откри фотографии од тајната венчавка со Далтон Гомез

CityLife

Последниот број во годината на раѓање ја открива вашата судбина

CityLife

Во Калифорнија се множат роботски такси без возач

CityLife