Кејт Мидлтон се огласи за првпат по операцијата со фотографија која је направи принцот Вилијам

2227680 1.jpeg

По повод Денот на мајката, Кенсингтонската палата ја објави првата фотографија од Кејт Мидлтон по операцијата, а интересно е што фотографијата е направена од принцот Вилијам и се вели дека е направена во 2024 година.

На најновата фотографија објавена од Кенсингтонската палата, 42-годишната Кејт Мидлтон позира со нејзините три деца; со принцот Џорџ, принцот Луис и принцезата Шарлот, а оваа прекрасна семејна сцена ја должи на принцот Вилијам кој ја направил фотографијата, а на неа пишува дека е направена оваа година.

Заедно со фотографијата, објавена е и пораката на принцезата за Денот на мајката, како и благодарност до јавноста за поддршката во текот на процесот на опоравување по операцијата на абдоменот што ја направи на почетокот на јануари.

„Ви благодариме за добрите желби и континуираната поддршка во изминатите два месеци. Среќен ден на мајката на сите“, напиша принцезата од Велс.

Таа се повлече од кралските должности откако беше примена во лондонска клиника за „планирана операција на абдоменот“ на 16 јануари, а пред тоа последен пат беше видена во јавноста за време на Божиќната миса во Сандрингем.

Палатата Кенсингтон потврди дека операцијата на Кејт била успешна и на 29 јануари, две недели по операцијата, таа се вратила во Аделаида Котиџ во Виндзор за да биде со своето семејство.

Related posts

Шварценегер доби зелено светло за неговата прва ТВ-серија

CityLife

Прекинато лансирањето на „Сојуз“ ракетата

CityLife

Јапонија воведува билети за искачување на планината Фуџи

CityLife