Решена мистеријата за НЛО од 1960-тите, Пентагон го објави долгоочекуваниот извештај

Nlo.jpg

Ненадејно зголемување на бројот на забележани НЛО во 1960-тите веројатно било предизвикано од тестовите на напредни американски шпионски авиони и вселенска технологија, се заклучува во извештајот на Пентагон. Наодите, претставени во извештајот до Конгресот во петокот, исто така велат дека „нема докази“ дека американската влада имала интеракција со вонземјани, јавува Би-Би-Си.

Повеќето објекти за кои се смета дека се НЛО или „неидентификувани аномални феномени“ (УАП) се всушност обични објекти, велат официјалните лица. Но, исто така беше нагласено дека извештајот нема да ги разубеди оние кои веруваат дека вонземјаните слетале на Земјата.

Појавата на телевизиски програми, книги, филмови и огромно количество содржини на Интернет и социјалните мрежи фокусирани на теми поврзани со UAP најверојатно влијаеле на јавниот дискурс на темата и ги зајакнале таквите верувања кај некои сегменти од населението, според извештај. Портпаролот на Пентагон рече дека официјалните лица имале отворен пристап до извештајот, но едноставно не пронашле докази за вонземски посетители.

– Сите напори што ги вложивме во оваа истрага, на сите нивоа на класификација, покажуваат дека повеќето од забележаните се обични предмети и појави и резултат на погрешна идентификација – изјави генерал-мајор Пет Рајдер.

Related posts

Џејмс Бонд останува на големото платно по договорот со „Амазон“

CityLife

Едноставен тест дома со кој ќе откриете дали ви се затнати крвните садови

CityLife

(ВИДЕО) Бурни реакции во Грција на прикажувањето на врската меѓу Александар Велики и Хефестион како хомосексуална на Нетфликс

CityLife