„Икс-бокс“ најави „технолошки скок“ во индустријата за видеоигри

X Box.jpg

Претседателката на „Икс-бокс“ за „Мајкрософт“, Сара Бонд најави дека претстојната генерација на „Икс-бокс“ ќе го претстави „најголемиот технички скок досега“ во индустријата за видеоигри.

Таа претходно најави и дека „Мајкрософт“ работи на оптимизација на „Виндоус“ за рачните уреди. Доколку компанијата навистина направи таков напредок и пробив, тогаш може да се очекуваат рачни „Икс-бокс“ плеери.

Покрај новата конзола, најавена е и „Икс-бокс“ конзола од серијата „Икс“ без „драјв“, како и нов џојстик.

„Гејминг“ заедницата ја очекува секоја нова вест и технолошки новитет, па познавачите предвидуваат дека новиот хардвер ќе биде корисен не само за „гејмерите“, туку и за создавачите на видеоигри. 

Related posts

Ноќта со лош сон го зголемува ризикот од утрински мигрени

CityLife

Дали се ве чеша после туширање? Еве што може да ја иритира вашата кожа

CityLife

Прада продава „спајалица за пари“ за 185 долари

CityLife