Дакота Џонсон во преговори да глуми во „Мадам Веб“

Дакота Џонсон преговара за главна улога во Марвеловиот филм Madame Web, спиноф на „Спајдермен“.

Според „Дедлајн“, 32-годишната актерка треба да глуми во адаптацијата на „Сони“ на Марвеловиот стрип.

Филмското студио наводно имало средби со неколку ѕвезди од т.н. А-листа, но сега се насочуваат кон Џонсон, која се смета за фаворит за улога во филмот.

Иако договорот сè уште не е потврден, се смета дека ѕвездата на Fifty Shades („Педесет нијанси“) е избрана за главната улога на Касандра Веб.

Мадам Веб беше првата суперхеројка што се појави во универзумот на Марвел, а своето деби го имаше во Неверојатниот Спајдермен # 210 во 1980 година.

Related posts

(ФОТО) Ријана објави први фотографии од бременоста

CityLife

Американска премиера на „Бикини Мун“ на Манчевски во Калифорнија

CityLife

Почина познатиот актер кој јавно призна дека е геј

CityLife