Гвинет Палтроу и Бред Фалчук на патување во Италија

Тие уживаат во лето во странство.

И, се чини дека Гвинет Палтроу е воодушевена во улогата на туристи со сопругот Бред Фалчук додека ги разгледуваат убавините и знаменитостите на италијанскиот град Фиренца.

48-годишната актерка ја покажа својата затемнета кожа, бакната од сонцето, додека го подига својот Ајфон за да сними совршено селфи со историскиот Понте Векио во позадина.

Гвинет објавата ја наслови: „Конечно туристи“.

Нејзините селебрити-пријателки им посакаа убав помин во Италија само неколку дена откако земјата ги отвори своите граници за патници по речиси 15-месечно затворање поради пандемија на Ковид-19.

Џенифер Гарнер, која беше во брак 10 години со поранешното момче на Гвинет, Бен Афлек, напиша: „Поминете си најдобро, најдобро!“ И Дру Баримур исто така коментираше : „Толку убаво, и прекрасно“.

Ниту еден јагленохидрат не остана неизеден на нивната тура низ Италија, бидејќи застанаа во Osterije Del Cinghiale Bianco на Масимо Масели.

Таа сподели фотографија од популарниот ресторан со опис: „Побарајте да седнете во птичјото гнездо“.

 

Related posts

Бил Козби останува во затвор

CityLife

Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права

CityLife

Милјардерката Кајли Џенер ќе гради замок од нејзините соништа

CityLife