Бри Ларсон се повлекува од Јутјуб, ќе се фокусира на актерството

Бри Ларсон се враќа на својата „прва работа“.

31-годишната актерка објави дека се повлекува од нејзиниот канал на Јутјуб за да го насочи вниманието кон актерската кариера.

Холивудската sвезда која штотуку ја прослави својата едногодишнина како влогер рече: „Не мислев дека ќе го работам ова цела година, да бидам искрена“. Неделните видеа на Бри сега ќе престанат бидејќи таа навести зафатен распоред на снимање во текот на следните недели и месеци.

„Морам да се вратам на мојата работа, мојата прва работа – актерство,“ најави таа.

Related posts

Пирамидите во Мексико откриваат тајни од древната историја

CityLife

Досега непознато морско суштество откриено во британските води

CityLife

Аријана Гранде и Далтон Гомез се венчаа во тајност

CityLife