Можете ли да замислите подобро освежување во топлите денови од сладоледот? Еве рецепт за вкусен сладолед од јагоди кој може да биде во замрзнувач и до два месеца, иако тешко дека ќе остане толку долго.
Состојки: 400 гр јагоди, 2 лажички сок од лимон, 600 мл шлаг крем, 300 мл полномасно млеко, 150 гр шеќер, 5 жолчки, 2 лажички екстракт од ванила.
Подготовка: Исечкајте ги јагодите во блендер за да направите пире, а потоа додадете сок од лимон.
Загрејте ги шлаг-кремот и млекото во тава, но внимавајте смесата да не зоврие. Посебно изматете ги шеќерот и жолчките за да добиете фина крема, па полека истурете ја во врелата мешавина од шлаг-крем, млеко и жолчки.
Кога сè добро ќе се поврзе, процедете ја смесата и загрејте ја на тивок оган додека не се згусне малку. Направете тест со лажица: извадете малку од смесата, почекајте и повлечете го прстот врз неа, и ако смесата е густа доволно, на лажицата ќе остане отпечаток од прстот, т.е. вдлабнатина во кремот.
Внимавајте смесата да не зоврие и не загревајте ја премногу долго бидејќи жолчките ќе се одделат – температурата на греењето треба да биде помеѓу 80 и 85 степени.
Изладете добро и измешајте ги пирето од јагода и ванилата. Замрзнете ја смесата во апарат за сладолед или во сад во замрзнувач. Ако го направите ова во замрзнувач, извадете го сладоледот на секој час и измешајте го добро, а потоа повторно ставете го во замрзнувач, повторете го ова 4 пати. Мешањето во текот на зарзнувањето ги отстранува кристалите од мраз и ви гарантира сладолед со фина текстура.
Овој сладолед може да остане во замрзнувач до два месеца, пренесува bbcgoodfood.com.