(Видео) Шерон Стоун облече маица со провокативната сцена од „Ниски страсти“

Шерон Стоун во понеделникот сподели фотографија на која позира облечена во црна маица со принт што ја прикажува сцената од „Ниски страсти“ кога заводливо ги прекствува нозете среде полициско испрашување.

63-годишната актерка, мајка на три деца која може да се пофали со 2.8 милиони следачи на Инстаграм и Твитер, во описот на објавата напиша: „Бев таму, го направив тоа, ја добив маичката!“

Шарон претходно тврдеше дека не била свесна за моментот кога без долна облека заводливо ги прекрстува нозете пред камерите за сцената, но режисерот Пол Верховен тврди дека таа била целосно свесна.

На русокосата убавица родена во Пенсилванија, наводно, ѝ платиле 500.000 долари за да ја портретира убиствената, бисексуална писателка спроти Мајкл Даглас во мегапопуларниот еротски трилер од 1992 година.

На долгиот список актерки кои наводно ја одбиле сексуално-експлицитната сцена биле Ким Бесинџер, Џулија Робертс, Грета Скаки, Мег Рајан, Мишел Фајфер, Џена Дејвис, Кетлин Тарнер, Елен Баркин, Мјуриел Хемингвеј, Деми Мур и Ема Томпсон.

Related posts

Кејт Мидлтон „фатена“ како го напушта замокот Виндзор со принцот Вилијам

CityLife

Кој ќе ме глуми? Бој Џорџ во потрага по актери за биографски филм

CityLife

Наставник заработувал од цртежите на учениците

CityLife