Џaстин Бибер ги замоли фановите да не се собираат пред неговиот дом

Канадскиот пејач Џастин Бибер упати апел до своите фанови да престанат да се собираат пред неговиот дом.

Во новообјавено видео на„Тикток“, 27-годишниот пејач разговара со фановите кои чекаат пред неговиот стан во Њујорк Сити и им вели да ја напуштат локацијата. Тој исто така им нагласува дека не му се допаѓа тоа што доаѓаат во неговото место на живеење.

Клипот беше постиран од еден од фановите, кој признава во насловот дека се чувствува лошо поради Џастин, особено откако тој објаснил дека сака да се опушти во својот дом.

“Ве слушам. Но, ова е мојот дом. Знаете што сакам да кажам? Ова е местото каде што живеам. И не ми се допаѓа што сте тука. Знаете кога ќе се вратите дома на крајот на ноќта, и сакате да се опуштите? Ова е мојот простор да го сторам тоа. Затоа, би сакал да заминете,“ вели Џастин во видеото.

Related posts

Анџелина Џоли: Долго време сум сама

CityLife

Не заборавајте да ги поместите часовниците, започнува летното сметање на времето

CityLife

Наскоро започнува снимањето на новиот филм за Бриџит Џонс

CityLife