Кралицата има нова роза која го носи името на покојниот сопруг

Кралицата Елизабета Втора минатиот четврток му оддаде почит на својот покоен сопруг, принцот Филип, на денот кога тој требаше да го прослави неговиот 100-ти роденден, 10 јуни.

Во чест на поводот, кралицата доби роза што го носи неговото име.

Цветот, наречен „Војводата од Единбург“, беше подарок од кралското хортикултурно друштво, чијашто заштитничка е кралицата. „Сакаме да му оддадеме чест на сите чудесни работи што тој ги правеше во текот на својот живот,“ рече претседателот на кралското хортикултурно друштво.

Цветот е опишан како „роза со длабоко розова боја испреплетена со бели линии и нежен мирис“.

Додека кралицата набљудувала, цветот бил засаден во East Terrace Garden во нејзиниот дом во замокот Виндзор, каде што престојува по избувнувањето на пандемијата.

Related posts

Четири зачини кои можат да ни помогнат ако сме настинати

CityLife

Гал Гадот ќе глуми и продуцира научно-фантастична романса

CityLife

Жените кои пијат повеќе од 8 алкохолни пијалоци неделно имаат поголем ризик од срцеви заболувања, покажува нова студија

CityLife