„Ворнер брос“ планира аниме филм во серијалот „Господарот на прстените“

Филмското студио „Браќата Ворнер“ ќе продуцира аниме игран филм сместен во светот на популарните книги на трилогијата „Господарот на прстените“, соопшти студиото во четвртокот.

„Господарот на прстените: Војната на Рохирим“ ќе ја раскаже приказната за легендарната битка што го обликуваше Меѓуземјето во годините пред настаните во филмот „Господарот на прстените“ од 2001 година, се вели во соопштението од студиото.

Новиот филм ќе ја истражува тврдината Хелмс Дип и ќе го прикаже кралот на Рохан, Хелм Хамерхенд.

Related posts

Џенифер Лопез на гости кај Бен Афлек потполно релаксирана

CityLife

Диететичарка ја открива која е најдобра храна за добар и квалитетен сон

CityLife

Хари Потер станува ТВ серија, веќе се планирани седум сезони

CityLife