Крис Харисон заминува од Bachelor поради расистички коментари

Долгогодишниот водител на американкото реалити-шоу за запознавање The Bachelor („Ерген“) трајно се повлекува од шоуто по острите критики за неговите коментари поврзани со раса.

Крис Харисон, кој исто така ги водеше спин-оф верзиите на шоуто, нема да се врати во програмите на Еј-би-си, објави „Дедлајн“.

Контроверзите избувнаа во февруари, откако тој го оправда однесувањето на поранешен член на актерската екипа, обвинет за расизам, велејќи дека тој не е „разбудена полиција“.

„Со оправдување на историскиот расизам, јас го бранев“, рече тој тогаш.

Харисон беше домаќин на популарното шоу, во кое девојките се натпреваруваат да го освојат срцето на најпосакуваниот неженет маж, цели 25 сезони, од почетокот на шоуто во 2002 година.

Related posts

Има решение за стравот од летање и турбуленции во авионот: Проверете на апликацијата

CityLife

„Џон Вик 4“ го враќа Ленс Редик како хотелски консиерж

CityLife

Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица

CityLife