Прекинато снимањето на воената драма на Том Хенкс и Стивен Спилберг

Снимањето на новата минисерија драма на Том Хенкс и Стивен Спилберг е ставено на чекање откако еден од главните протагонисти бил позитивен на тестот за Ковид-19.

Според весникот „Сан“, повеќе членови на актерскиот и техничкиот тим на драмата од Втората светска војна, Masters of the Air („Господари на воздухот“), која Хенкс и Спилберг ја продуцираат заедно со Кери Фукунага, биле принудени да се самоизолираат заедно со неименуваниот главен актер.

Весникот додава дека сите биле многу лути бидејќи актерот се заразил со вирусот надвор од продукцијата, односно дека не ги почитувал препораките за заштита кога немал снимање.

“Сите се многу бесни. Се разбира дека лицето што фатило Ковид го добило надвор од продукцијата. Но секако, тоа значи дека другите мора да се самоизолираат наредниов период,“ рекол инсајдерот.

Снимањето на серијата драма на „Епл ТВ плус“ се одвиваше на две локации во Велика Британија – Абингдон Еарфилд во Оксфорд и Њуленд Парк во Бакингемшир.

„Господари на воздухот“ ја следи личната историја на американски и британски бомбардери кои се бореле против војската на Хитлер за време на Втората светска војна.

Related posts

Маск назначува нови менаџери за да ја направат платформата „X“ побезбедна

CityLife

(Видео) Погледнете ја оваа суперјахта вредна 60 милиони долари

CityLife

Нова чизкејк-торта прелиена со тоблероне-чоколадо

CityLife