Џенифер Лопез на гости кај Бен Афлек потполно релаксирана

Џеј Ло зрачи со позитивна енергија во екот на нова романса со нејзиниот поранешен партнер Бен Афлек.

Таа беше фотографирана кога пристигна во куќата на нејзиниот сакан во Брентвуд во петокот.

Поп-sвездата (51) на себе има кропнат бел дуксер и соодветни панталони додека излегува од мерцедесот-бенц, кој се чини дека е ист како тој на Афлек.

Без маска на лицето, пејачката и актерка од „Планер за венчавки“ го покажа беспрекорно нашминканиот тен за да можат сите да го видат.

Латино дивата и оскаровецот, кои беа верени од 2002 до 2004 година, неодамна ја потврдија својата обновена романса кога беа фотографирани прегрнати на влезот на отмен ресторан во Западен Холивуд.

Related posts

Џеј Ло купува мебел со својата ќерка

CityLife

Речиси четвртина од децата на возраст од 10 и 11 години во Англија се со зголемена телесна тежина

CityLife

Икањето може да биде и знак за сериозни здравствени проблеми

CityLife