Џејмс Бонд останува на големото платно по договорот со „Амазон“

Идните филмови за Џејмс Бонд ќе продолжат да се прикажуваат во кино и покрај договорот на „Амазон“ за купување на студиото „МГМ“ кое е ко-сопственик на правата на 007.

Гигантот за електронска трговија го купи славното холивудско студио оваа недела. Зделката вредна 8,45 милијарди долари е најголемaта аквизиција за Amazon.com Inc во забавната индустрија.

Продуцентите на Бонд, Барбара Броколи и Мајкл Џ. Вилсон истакнаа дека договорот не значи дека тајниот агент 007 ќе биде туркан само кон стриминг-услугата на „Амазон“.

„Ние сме посветени да продолжиме да снимаме филмови за Џејмс Бонд за светската кино-публика“, рекоа тие.

Related posts

Решена мистеријата – колку луѓето можат да живеат најдолго

CityLife

Дали вијаграта е нов лек за Алцхајмерова болест

CityLife

Сека Алексиќ и музичката група поминале осум часа во полициска станица во Цирих

CityLife