Тина Тарнер и Џеј Зи ќе влезат во храмот на рок музиката

Кралицата на рокенролот Тина Тарнер, славниот рапер Џеј Зи и женскиот поп бенд од 80-тите, „Го-Го“, се меѓу најновите изведувачи избрани за влез во Холот на славните во рокенролот.

Другите во класата 2021 година во Rock & Roll Hall of Fame, со седиште во Кливленд, се бендот „Фу фајтерс“, текстописецот Керол Кинг и рокерот Тод Рундгрен.

Оваа година Тина Тарнер е избрана како соло музичарка и ќе биде внесена како признание за нејзината самостојна кариера. Таа претходно беше почестена како член на дуото „Ајк и Тина Тарнер“.

Големата церемонија на внесување на новите избрани уметници ќе се одржи на 30 октомври во Кливленд, Охајо.

Related posts

Не секоја лоша детска навика треба да се занемари

CityLife

Изнајмувањето на Вилата на Тито во Сплит за еден ден чини 4.000 евра

CityLife

Овие намирници дебелеат и предизвикуваат дигестивни проблеми

CityLife