Принцот Чарлс намерно ја изостави Меган на роденденската објава за Арчи, тврди експерт

Мама Меган не беше на фотографијата што ја сподели принцот Чарлс на својот Инстаграм и Твитер кога му посака среќен втор роденден на внукот Арчи, а кралски експерт тврди дека роденденската порака на принцот Чарлс за неговиот внук е„намерно игнорирање на Меган Маркл.

Неговите официјални профили на Инстаграм и Твитер споделија симпатична црно-бела фотографија од принцот Хари како се смешка додека го држи бебето Арчи во рацете, покрај гордиот поглед на дедото Чарлс.

Написот на објавата гласеше: „Среќен роденден на Арчи, кој денес полни две години“.

Некои кралски фанови прашаа зошто Чарлс не сподели фотографија во која е и мајката на Арчи, Меган, како што пренесува „Дејли стар онлајн“, додека други прашаа зошто официјалниот профил на Инстаграм на идниот крал немаше слични објави на родендените на принцезата Шарлот и принцот Луис неодамна.

Кралскиот коментатор Данкан Ларкомб за списанието Fabulous изјави дека изоставувањето на Меган од фотографијата може да биде намерно игнорирање по интервјуто на Сасекси кај Опра Винфри.

Related posts

Зошто треба да јадете ореви !?

CityLife

Повредата на Де Ниро нема да влијае на продукцијата на новиот филм

CityLife

Алекс Родригез покажува дека не му е гајле што поранешната вереница има нова љубов

CityLife