Џенифер Лопез ја најави премиерата на „Принудна свадба“

Џенифер Лопез го откри датумот на премиерата на новиот филм во кој таа игра главна улога, среде тврдења дека нејзиниот поранешен свршеник Алекс Родригез се обидува да ја врати.

Акционата комедија Shotgun Wedding („Принудна свадба“) со Џенифер Лопез и Џош Духамел во главните улоги ќе се појави во киносалите следната година.

51-годишната суперѕвезда ја објави веста на својот Инстаграм во средата. „Голема вест! Филмот Shotgun Wedding излегува во кината на 29 јуни 2022 година! Едвај чекаме да го гледате,“ напиша Џеј Ло во описот на објавата, додавајќи неколку емотикони.

Во филмот на „Лајонсгејт“, Лопез и Духамел глумат свршена двојка која се подготвува да ги собере и двете свои семејства за нивната свадба. Парот има трема и малку страв, но сето тоа станува второстепено кога семејствата ќе бидат земени како заложници.

Објавата на Џенифер доаѓа неколку дена по тврдењата на некои таблоиди дека нејзиниот поранешен свршеник Алекс Родригез се обидувал повторно да ја освои по завршувањето на нивната свршувачка.

Related posts

Мажот од САД кој си го смени името во Буквално било кој друг се кандидира за претседател

CityLife

БРИТ-награди: Поп ѕвездите се собраа за враќање на музиката во живо

CityLife

Теглите за зачини најподложни на вируси и бактерии во кујната

CityLife