Џеј Ло, Хер, „Фу фајтерс“ ќе настапат на хуманитарен концерт за финансирање вакцини против Ковид-19

Пејачките Џенифер Лопез и Хер ќе настапат на глобален виртуелен концерт што ќе се стримува на 8 мај со цел да се соберат пари за вакцини против Ковид-19, по минатогодишниот One World – Together at Home, во кој голем број самоизолирани ѕвезди, вклучувајќи ја и Лејди Гага, пееја од своите домови.

Концертот за повторно обединување на светот, VAX LIVE: The Concert to Reunite the World”, ќе го води пејачката Селена Гомез и во него ќе учествуваат и „Фу фајтерс“ и Еди Ведер, соопшти организаторот на настанот, меѓународната организација „Глобал ситизен“.

„Ова е навистина можност да ги повикаме светските лидери да осигураат дека 27 милиони херојски здравствени работници ширум светот кои сè уште немаат пристап до вакцина ќе добијат пристап во текот на следните месеци“, изјави извршниот директор на „Глобал ситизен“, Хју Еванс, за „Ројтерс“.

Настанот ќе води и кампања за фер и еднаков пристап до вакцините за сите.

„Реалноста е дека многу од најбогатите нации почнуваат да складираат вакцини “, рече Еванс, додавајќи дека стримуваниот настан ќе ги повика нациите да донираат вишок дози и да дадат финансиска поддршка за Ковакс-системот, поддржан од Светската здравствена организација (СЗО) и глобалната алијанса за вакцини и имунизација (ГАВИ).

Related posts

Реплек стартува иновативна платформа за добросостојба „РЕсет“:  работилници, настани и едукација за подобро здравје

CityLife

Откриена џиновска анаконда од Амазон: Тежи 200 килограми, а главата и е со големина на глава на човек

CityLife

Три магични намирници за вашето срце

CityLife