Од сцена до платно: К-поп sвезди се подготвуваат за уметничка изложба во Лондон

Во едно кафуле во Сеул, јужнокорејските поп ѕвезди Сонг Мин-хо и Канг Сеунг-јун разговараат за избор на свои уметнички слики и фотографии кои ќе одат на изложба во Лондон оваа есен.

Главно познати по нивната музика, членовите на бендот Winner ќе ја претстават својата уметност на Start Art Fair, саем на уметност што ќе се одржи во лондонската галерија „Сачи“ и се совпаѓа со познатата недела на ликовна уметност Frieze Art Week.

„Музиката раскажува приказна, и без разлика дали е со среќен или тажен крај има јасна завршница“, изјави за Ројтерс раперот Сонг, познат по неговото уметничко име Мино.

„Во уметноста секоја слика има различна карактеризација, но се чини дека секогаш има отворен крај и ги тера луѓето да размислуваат многу,“ вели 28-годишникот.

Во Лондон ќе им се придружи пејачот, музичар и актер Хенри Лау роден во Канада, кој исто така се занимава со сликарство и ќе прикаже пет уметнички дела.

Related posts

Саманта Фокс пијана се качила во авион направила кавга по што летот морал да биде откажан

CityLife

Што открива за вас страната на креветот на која спиете

CityLife

Спотифај воведува гледање видеа

CityLife