Првоаприлскиот маскенбал во СОС Детското село поддржан од „Иуте кредит“

СОС Детското село, денеска, по повод 1 Април, денот на шегата, заедно со својот стратешки партнер ИутеКредит под мотото „Носењето маски може да биде забавно”, внесоа ведрина смеа и разиграност кај децата без родители и родителска грижа.

Маскембалот се одржа во дворот на СОС Детско Село каде што се забавуваа 50 деца, под строго контролирани услови и протоколи на отворено, а за детските насмевки се погрижи тимот на ИутеКредит, кој обезбеди „фото бут“ со голем број на реквизити со кои се забавуваа децата и си направија фотографии кои ќе можат да ги веселат во наредните денови.

Живеењето и работењето во 2020 и 2021 година, во услови на светска пандемија, не засегна сите и професионално и приватно, и допре во секоја сфера на нашето живеење. A најмногу во клетката на нашето живеење – нашите семејства, нашите блиски и нашите колеги. За СОС Детско Село приоритет се над 590 деца, млади и семејства на кои им треба нашата и вашата помош и поддршка.

„Денес со ИутеКредит преку интерактивни активности внесовме ведрина, смеа и разиграност кај децата без родители и родителска грижа. Активното учество во опшеството е една од нашите вредности и сакаме со личен белег да придонесеме за квалитетот на живеењето на младите. Посебно во услови на социјална дистанца, менталното здравје е она на кое треба да се посвети особено внимание, оваа година а можеби и следната. А преку смеа и ведар дух сме еден чекор поблиску кон подобрување на менталното здравје. Се надеваме дека успеавме да направивме нешто интересно и носењето маски да го претворивме во забава“, изјави Елена Глигоровска, дирекорка за корисничко искуство во ИутеКредит.

 

 

(ПР текст)

Related posts

Расел Кроу се придружува на тимот на „Тор: Љубов и молња“

CityLife

Медиуми потсетуваат на денот кога принцот Филип одеше зад ковчегот на Дијана заедно со внуците 

CityLife

Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“

CityLife