„Нетфликс“ ги откупи правата за продолжението на филмот „Knives Out“

Во мистериозниот крими трилер од 2019 година глумат Даниел Крејг, Крис Еванс и Ана де Армас, а сега е потврдено дека продолжението на хитот доаѓа во „Нетфликс“. Рајан Џонсон, кој го предводеше тимот во првиот филм, ќе се врати на режисерското столче, а се враќа и главната sвезда Даниел Крејг, кој го игра детективот Беноа Блан.

The Wrap цитира анонимен извор кој тврди дека договорот на гигантот во телевизиска продукција вреди над 400 милиони долари.

Во меѓувреме, режисерот Џонсон неодамна навести продолжение на хитот Knives Out, и истакна дека тоа нема да биде директно поврзан со оригиналниот филм. Ликот на Даниел Крејг, наводно, ќе преземе нова мистерија.

Related posts

Јапонските научници предупредуваат: Зјапањето во екранот го зголемува ризикот од аутизам кај децата

CityLife

Колку долго треба да трае попладневната дремка?

CityLife

Турчинка се развела од сопругот поради лоша хигиена, судот и досуди отштета од повеќе од 16 илјади долари

CityLife