Расел Кроу се придружува на тимот на „Тор: Љубов и молња“

Веќе пополнетата екипа од претстојниот филм „Тор: Љубов и молња“ стана уште поголема откако е потврдено дека Расел Кроу се приклучува на филмот за суперхерои.

56-годишниот оскаровец ќе глуми во најновата офанзива на Марвеловите јунаци, продолжение на „Тор: Рагнарок“ во неоткриена улога, објави „Дедлајн“ во понеделникот.

Фановите на филмскиот унверзум на „Марвел“ веќе претпоставуваа дека актерот може да се најде во новиот филм за моќниот Тор откако беше виден како се дружи со Крис Хемсворт и со други членови на актерската екипа на рагби натпревар во Сиднеј, Австралија.

Related posts

Експертите потврдија: Ова се 6-те најлоши видови храна за здравјето на луѓето

CityLife

Јапонија ќе забрани влез на туристи во квартот на гејши

CityLife

Волшебна напивка за потенок струк која го освои светот

CityLife