Џеј Ло, Хер, „Фу фајтерс“ ќе настапат на хуманитарен концерт за финансирање вакцини против Ковид-19

1618390279 2.jpg

Пејачките Џенифер Лопез и Хер ќе настапат на глобален виртуелен концерт што ќе се стримува на 8 мај со цел да се соберат пари за вакцини против Ковид-19, по минатогодишниот One World – Together at Home, во кој голем број самоизолирани ѕвезди, вклучувајќи ја и Лејди Гага, пееја од своите домови.

Концертот за повторно обединување на светот, VAX LIVE: The Concert to Reunite the World”, ќе го води пејачката Селена Гомез и во него ќе учествуваат и „Фу фајтерс“ и Еди Ведер, соопшти организаторот на настанот, меѓународната организација „Глобал ситизен“.

„Ова е навистина можност да ги повикаме светските лидери да осигураат дека 27 милиони херојски здравствени работници ширум светот кои сè уште немаат пристап до вакцина ќе добијат пристап во текот на следните месеци“, изјави извршниот директор на „Глобал ситизен“, Хју Еванс, за „Ројтерс“.

Настанот ќе води и кампања за фер и еднаков пристап до вакцините за сите.

„Реалноста е дека многу од најбогатите нации почнуваат да складираат вакцини “, рече Еванс, додавајќи дека стримуваниот настан ќе ги повика нациите да донираат вишок дози и да дадат финансиска поддршка за Ковакс-системот, поддржан од Светската здравствена организација (СЗО) и глобалната алијанса за вакцини и имунизација (ГАВИ).

Related posts

„Спејс икс“ оди на берза: чекор што може да го направи Маск прв трилионер во светот

CityLife

Следните 7 години носат револуција: Уран во Близнаци ќе го смени светот!

CityLife

Венчаницата на принцезата Дијана изложена во палатата Кенсингтон

CityLife