Ќе се скејта во Парк на Светскиот ден на скејтбордингот 

Go skate day.jpg

По повод Меѓународниот ден на скејтбордингот, на 21 јуни во Скопје ќе се одржи скејтбординг настан кој ќе ги обедини скејтерите и љубителите на урбаната култура за ден исполнет со возење, дружење и креативни трикови.

Настанот ќе се одржи во Градскиот парк, кај фонтаната „Лотус”, на плочникот пред споменикот на Гоце Делчев – една од најпознатите и најпосетени локации за скејтбординг во главниот град. Програмата вклучува натпревар со награден фонд од 200 евра, кој ќе биде распределен за најдобрите и најкреативните изведби.

Целта на настанот е да се одбележи Денот на скејтбордингот и да се придонесе кон понатамошен развој и заживување на локалната скејт сцена, како и поттикнување на младите да се вклучат во оваа урбана спортска култура. 

Настанот е поддржан од DropIn, XMKD, Синдикат и Кантина, кои активно придонесуваат кон промоција на скејт културата и создавање подобри услови за домашните скејтери. Меѓународниот ден на скејтбордингот се одбележува секоја година на 21 јуни и е инициран во 2004 година од страна на Меѓународната асоцијација на скејтборд компании (IASC), со цел да се промовира спортот, да се обединат скејтерите и да се поттикне користењето на јавниот простор преку слободно и креативно движење.

Во Скопје, овој ден традиционално се одбележува со заеднички возења и настани низ градот, во организација на локалната скејт заедница.

Related posts

17-годишна девојка минатата година отворила профил на „Тик-ток“, а денес заработува повеќе од двајцата родители

CityLife

Елки од лиснато тесто ќе ви ја разубават новогодишната трпеза: Овие крцкави грицки можат да бидат и солени и слатки

CityLife

Балканскиот ендемит Астрагалус во фокусот на одбележување на Меѓународниот ден на растенијата

CityLife