Јода ја напушти зградата на Лукасфилм во Сингапур

Пред нешто повеќе од седум години, култната осумкатница Lucasfilm Sandcrawler беше официјално отворена во Сингапур, кога Џорџ Лукас и Кетлин Кенеди (сегашен претседател на „Лукасфилм“) присуствуваа на церемонијата на отворање.

На почетокот на оваа година се појави веста дека групацијата Блекстоун е заинтересирана за купување на зградата за околу 132 милиони долари. Изгледа дека купувањето е завршено, и во средата, на 7 април, култната статуа на Гранд Једи мајсторот, Јода, е отстранета, веројатно означувајќи промена, дека зградата повеќе не е во сопственост на „Лукасфилм“.

Од јануари 2014 година, многу фанови на „Војна на ѕвездите“ во Сингапур можеа да ја посетат зградата и да го видат Јода во градината внатре во објектоти за да оддадат почит.

Related posts

Џими Кимел покажа фотошопиран мускул на раката додека прима вакцина

CityLife

Ким на празен стомак ќе ве ослободи од болка, надуеност и летаргија

CityLife

Кристина Агилера изрази поддршка за Бритни Спирс

CityLife