Ѓорѓе Давид доби дозвола да ја напушти Македонија

Viber Image 2024 01 31 15 10 37 437.jpeg

Српската музичка ѕвезда Ѓорѓе Давид официјално ја напушти Македонија, откако доби одобрение од судските институции. По напуштање на земјава, Давид закажа конференција за печат за српските медиуми во текот на утрешниот ден.

„Ѓорѓе замина за Србија. Ги помина сите процедурални барања од нашите надлежни институции и во текот на вчерашниот ден доби дозвола да ја напушти Македонија. Тој, како и досега, е достапен на нашите органи и ќе се јавува во судот во Куманово еднаш месечно. За се што има да каже во однос на ситуацијата, да го почекаме утрешниот ден и нашите медиуми ќе ги добијат сите релевантни и официјални информации од Ѓорѓе“, вели Вера Мештеровиќ, менаџер на Ѓорѓе Давид за Македонија.

Ѓорѓе учествуваше во сообраќајна несреќа во која загина една жена. Тој мораше да остане во земјава додека не доби одобрение од судот да си оди во Србија.

Related posts

Синди Крафорд едноставно прекрасна зад сцена на фотосесија

CityLife

САД забрани повици со човечки гласови создадени со ВИ

CityLife

Новости на „Гугл“ за „Андроид“

CityLife