Шварценегер задржан на аеродромот во Минхен поради луксузен часовник

2075409 Body 783587 Ticker Schwarzenegger Flughafen Ap.jpg

Познатиот холивудски актер Арнолд Шварценегер (76) е приведен на аеродромот во Минхен, јавуваат германските медиуми.

Актерот од Лос Анџелес патувал за Германија, но на аеродромот бил запрен од цариниците и бил претресен неговиот багаж.

Според неколку германски портали, во куферот на Шварценегер пронашле луксузен часовник, по што започнала истрага.

Германски Билд доби фотографија на која Шварценегер гледа во камерата и држи кутија додека го испрашуваа царинските службеници.

Часовникот што тој го носел, „Одемар Пиге“ припаѓа на „големите три“ компании кои произведуваат часовници, со почетна цена по парче од 17.000 долари до 100.000 долари, наведува британски Метро.

Против американскиот актер е покрената судска постапка поради сомнение дека ги прекршил даночните закони, соопшти прес-службата на главната царинска управа на Минхен.

„Можам да потврдам дека тој е со нас околу два часа. Ова е стандарден процес што сме должни да го спроведеме. Постапката е започната“, изјави претставник на царината.

Тој ниту потврди ниту демантираше дека причина за поведување на постапката е непријавувањето на часовникот „Одемар Пиге“.

Related posts

Во овие хороскопски знаци се раѓаат најгрижливите мажи

CityLife

Де Ниро на свечен ручек во чест на „Трибека“

CityLife

Принцот Хари во Лондон, првпат по контроверзното интервју со Опра

CityLife