Аортата е признаена како посебен орган во телото. Аортата е главната и најголемата артерија во телото, таа носи крв од срцето до остатокот од телото.
„Тоа е голем чекор“, велат од Универзитетската болница во Фрајбург, Германија. Новиот статус на органи важи во земјите од Европската унија и во САД, откако како таков е дефиниран во упатствата на Европската асоцијација за кардиоторакална хирургија (EACTS) и Американското здружение на торакални хирурзи (STS).
Оваа одлука ќе направи разлика и за пациентите, бидејќи клиничкиот процес за многу од нив кои се лекуваат од аортна болест веројатно ќе биде различен и, се надеваме, пооптимален од сега па натаму.