Цеца во опуштено издание, без трошка шминка на себе

Anaceca1

Фолк ѕвездата и член на жирито на актуелната сезона на „Ѕвезде Гранда“, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ позираше со учесникот на оваа шоу програма Енис Тодиќ.

Енис на Инстаграм објави фотографија со Цеца од студио, и покажа како го поминуваат времето кога не се во просториите каде се снимаат „Ѕвездите на Гранд“.

Со нив беше и продуцентот на споменатата шоу програма Владан Стојковиќ, кои заедно работат на најдоброто можно претставување на Тодиќ во продолжение на натпреварот.

Цеца позираше без шминка, во лежерно издание, онаква каква што никогаш не ја гледаме во јавноста, а судејќи по нивната насмевка и тие уживаат во тоа што го работат.

Таа за време на натпреварот истакна и дека ќе се труди што повеќе да му помогне на секој кандидат, а судејќи по оваа фотографија, таа е упорна во тоа.

 

Related posts

„Преспав“ на оригинален начин и го честиташе роденденот на Тијана

CityLife

Ким во најминијатурното бикини кое повеќе открива отколку што покрива

CityLife

Дакота Џонсон во преговори да глуми во „Мадам Веб“

CityLife