Филмските sвезди без маски на црвениот тепих во Кан

Канскиот филмски фестивал се врати, а исто така и ѕвездите на неговиот црвен тепих. Со гламурозни фустани и рој фотографи, ова можеби изгледа вообичаено за најголемиот филмски фестивал во светот, сместен на југот на Франција.

Оваа година, Кан се врати во попригушена форма, со намален број на поделени покани.

Фестивалот беше свечено отворен во вторникот, повторно откривајќи ја својата опојна мешавина на гламур, политика и контроверзи, со дополнителен шок на sвезди кои се бакнуваа без маски, коментираат светските медиуми.

Најголемиот филмски фестивал во светот стана жртва на пандемијата во 2020 година, а оваа година сè уште владеат правилата за социјално дистанцирање.

Додека на sвездите им беше дозволено да шетаат по црвениот тепих без маски за лице, постоеше строго правило за не-бакнување, но ова се прекрши речиси веднаш кога почнаа да се качуваат по скалите до фестивалската палата.

 

Меѓу познатите лица на црвениот тепих беа Спајк Ли, Џоди Фостер, Бонг Џон Хо, Џесика Честејн, Хелен Мирен, Бела Хадид и Марион Котијар.

Related posts

Лиам Хемсворт подготвен да ја запроси Габриела Брукс

CityLife

Дали е ова вистинската причина за разводот на Харис и Мелина Џиновиќ?

CityLife

Оваа ужина треба да ја јадете повеќепати на ден за да го намалите ризикот од рак

CityLife