Анализата на примероците на замрзната крв откри мноштво протеини кои можат да предвидат неколку форми на деменција повеќе од 10 години пред да се дијагностицира болеста, велат британските и кинеските научници.
Студијата, објавена во списанието Nature Aging, е дел од истражување со повеќе тимови за да се идентификуваат пациентите изложени на ризик од деменција со помош на едноставен тест на крвта, напредок за кој многу научници веруваат дека ќе го забрза развојот на нови медицински третмани.
Скенирањето на мозокот може да открие абнормални нивоа на бета амилоидниот протеин многу години пред да се развие Алцхајмеровата болест, но тестовите се скапи и често не се покриени со осигурување.
„Врз основа на оваа студија, се чини веројатно дека ќе бидат развиени тестови на крвта кои можат да го предвидат ризикот од развој на деменција во следните 10 години…“, рече д-р. Сузан Шиндлер, која ја истражува Алцхајмеровата болест на Универзитетот Вашингтон во Св. Луис, која не била вклучен во истражувањето.