Телефонирал од вселената, па свртел погрешен број

P0332fk4.jpg

Замислете дека вашиот телефон ѕвони, а првото нешто што ќе го слушнете е „Здраво, дали е таа планета Земја?“ Токму тоа го слушна една жена во Велика Британија, но во нејзиниот случај тоа беше навистина повик од вселената: британскиот астронаут Тим ​​Пик, кој се наоѓа на Меѓународната вселенска станица, го згрешил бројот.

Пик веднаш се извини што се јавил на погрешен број, тврдејќи дека не е шега.

„Сакам да и се извинам на госпоѓата на која штотуку и се јавив по грешка велејќи: Здраво, дали е таа планета Земја? Тоа не беше шега, само погрешен број!“, објави Пик на Твитер.

Не беше првпат овој астронаут да има проблеми со телефонот. Минатата недела им се јавил на родителите но не ги нашол дома, па морал да остави говорна пошта.

Четириесет и тригодишниот Пик е првиот британски астронаут во последните 25 години.

Related posts

Телеграм воведува видео и гласовни пораки кои може да се видат само еднаш

CityLife

Принцот Хари во Лондон, првпат по контроверзното интервју со Опра

CityLife

Гром погоди четири лица во близина на операта во Сиднеј

CityLife