Страшна смрт: Избезумено трчал за да стигне на лет, а потоа го вшмукал моторот на авионот

O 31892715 1280.jpg

Камерите на меѓународниот аеродром во Солт Лејк Сити во американската сојузна држава Јута на 1 јануари снимија маж како избезумено се обидува да ја отвори вратата на гејтот на аеродромот, а потоа го искористи излезот за итни случаи и трча кон авионот на пистата. Како што пишува The Messenger News, станува збор за 30-годишниот Кајлер Ефингер и за жал, тој бил пронајден мртов во моторот на авионот.

Безбедносните снимки покажуваат дека Кајлер прво се обидува да отвори две заклучени врати на аеродромот. Потоа успешно ја отворил вратата за итни случаи и се симнал по скалите. Во последното видео, Ефингер е прикажан како трча кон авионот со чорапи и тениски чевли во рацете.

Недолго потоа, тој бил пронајден онесвестен под авионот, во моторот.

Истрагата покажа дека Кајлер влегол во еден од моторите на авионот на „Делта ерлајнс“. Во тој момент, авионот стоел на подлогата за одмрзнување, а моторот се вртел. Полицијата во Солт Лејк Сити соопшти дека Ефингер бил во несвест кога го пронашла. Службите за итни случаи го извлекле од усниот капак на моторот, која го насочува протокот на воздух кон вентилаторот на моторот.

Потврдено е дека тој бил на списокот на патници и има валиден билет за Денвер, Колорадо.

Полицијата извести дека го пронашла мртов додека други патници се качувале во авионот. Контролорите на летање контактирале со авионот и му наредиле на пилотот да го исклучи моторот. Патниците веднаш биле евакуирани од авионот кој требало да отпатува за Сан Франциско.

И покрај обидите да си го спаси животот, Ефингер бил прогласен за мртов на местото на настанот.

По оваа страшна трагедија, таткото на Кајлер, Џад Ефингер, рекол дека неговиот син отпатувал да го посети својот дедо што умира и дека речиси една деценија се борел со биполарно растројство.

-Отсекогаш бил добронамерен, но малтретирањето кое го доживеал за време на школувањето оставило длабоко влијание врз неговото ментално здравје… – изјави уништениот татко.

Related posts

Биографот Том Бауер ја најде својата следна тема, Меган Маркл

CityLife

Жена открива што видела за време на клиничка смрт

CityLife

Евросонг доби зелено светло за 3.500 луѓе во публика

CityLife