Словенечки хотел го продава креветот на кој спиел Кристијано Роналдо

Ronaldo 696x556 1.jpeg

Хотелот Гранд Плаза во Љубљана одлучи да го продаде креветот во кој спиеше фудбалерот Кристијано Роналдо минатата недела, кога одигра пријателски натпревар со Словенија со португалската репрезентација.

Хотелот одлучи, бидејќи многу фанови не успеаја да стигнат до Роналдо и да добијат автограм или да се фотографираат, креветот да се стави на аукција на крајот на месецот по почетна цена од 5.000 евра, а парите да ги даде во хуманитарни цели, јавува порталот 24UR.

Преку фотографиите на сите фанови им се нуди поглед на собата во која престојуваше португалскиот фудбалер.

На сите им посакуваме многу среќа и успешно учество на аукцијата“, објави порталот.

Порталот наведува и дека навивачите се обидувале да го следат Кристијано Роналдо на секој чекор, но фудбалерот успеал да ги избегне обидите да се дојде до него. Навивачите го чекаа неколку часа на аеродромот во Брно, а потоа и пред хотелот Гранд Плаза, каде што престојуваше со португалската репрезентација.

Репрезентациите на Словенија и Португалија на 26 март одиграа пријателски натпревар кој Словенија го доби со 2:0.

Related posts

Зошто реагираме бурно кога не сме наспани?

CityLife

Евросонг доби зелено светло за 3.500 луѓе во публика

CityLife

(Видео) „Игра на тронови“ објави нов трејлер за осмата и последна сезона

CityLife