Скарлет Јохансон и Флоренс Пјуг го снимале „Црна вдовица“ додека се бореле со пневмонија

Режисерката на „Црна вдовица“, Кејт Шортленд, го спореди снимањето на Марвеловиот филм со искуство од војска и откри дека неговите две главни sвезди имале воспаление на белите дробови додека се снимал филмот.

Во интервју за The Gentlewoman, Кејт објасни: “Тоа беше како да сте во војска. До самиот крај, и Скарлет и Флоренс снимаа додека беа болни од пневмонија”.

Во меѓувреме, британската актерка Флоренс неодамна откри дека таа и Скарлет имаат сестринска врска.

Двете играат заедно во претстојниот филм на „Марвел“ во кој ги потретираат Јелена Белова и Наташа Романоф, две итерации на титуларната суперхероина, а Флоренс изјави дека во текот на снимањето двете создале блиска врска како да се сестри.

Related posts

Нутриционист од Харвард споделува четири навики во исхраната за добро здравје на мозокот

CityLife

Хиена уби човек и повреди двајца близу национален парк во Кенија

CityLife

Ослободете се од токсините во воздухот со помош на овие прекрасни растенија

CityLife