Тиквата е хранливо богат зеленчук, полн со есенцијални витамини, минерали и антиоксиданси. Може да се додаде во солени и слатки јадења.
Ако често се консумира во исхраната, тиквата може позитивно да влијае на целокупното здравје. Кога ќе ги погледнете здравствените придобивки од јадењето тиква, ќе сакате да ја јадете речиси секој ден, пишува Health Shots.
Полна е со хранливи материи
Тиквата е богата со хранливи материи како што се витамините А, Ц и Е, калиум, калциум, фолна киселина, влакна и магнезиум. Сите овие хранливи материи поддржуваат различни функции на телото и севкупно влијаат на подобро здравје и функционирање на телото.
Го зајакнува имунитетот
Високиот процент на бета-каротин и витамин А во тиквата е клучна хранлива материја за зајакнување на имунолошкиот систем. Ако имунолошкиот систем е силен, многу се поголеми шансите телото да се одбрани од инфекции и болести.
Позитивно влијае на здравјето на срцето
Тиквата содржи многу калиум, кој игра улога во регенерацијата на крвниот притисок. Ова може да има долгорочен ефект врз намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни болести.
Го промовира здравјето на очите
Бета-каротенот во тиквата не е само корисен за имунолошкиот систем, туку и за здравјето на очите. Тиквата ги штити очите од макуларна дегенерација поврзана со возраста.
Благодарение на неа, кожата е посветла
Витамините Ц и Е во тиквата со бета-каротен придонесуваат за здрава кожа. Овие антиоксиданси помагаат во заштитата на кожата од слободните радикали, го стимулираат производството на колаген и одржуваат младешки изглед.
Влијае на подобро варење
Содржината на растителни влакна и пребиотици во тиквата го помага варењето, го поттикнува редовното празнење на дебелото црево и го олеснува запек и дијареа.
Помага при слабеење
Тиквата е нискокалорична и богата со растителни влакна. Влакната промовираат ситост, што помага да се контролира апетитот и да се намали вкупниот внес на калории, а сето тоа помага во губење на тежината.
Содржи антиинфламаторни својства
Тиквата содржи антиоксиданси и антиинфламаторни својства кои можат да помогнат да се намали воспалението во телото поврзано со артритис и срцеви заболувања.
Не одржува хидрирани
Покрај витамини, влакна и други корисни материи, тиквата има и висока содржина на вода. Одржувањето на добра хидратација е од суштинско значење за нормалното функционирање на телото, вклучувајќи варење, циркулација и регулација на температурата.