Ријана го запали интернетот во вторникот кога сподели фотографии на кои ја покажа неверојатната фигура во нови парчиња долна облека од сопствената линија „Севиџ икс Фенти“.
33-годишната суперѕвезда најави издавање на колекција со тема гордост, во корист на пет организации посветени на помагање и унапредување на правата на ЛГБТ заедницата.
Докажувајќи дека е најдобра продавачка на своите производи, таа се огласи на Инстаграм за да прикаже украсена врвка од виножито, танга од тантела и чорапи високи до бутовите.