Расел Кроу помогна да се спаси животот на повредена птица

Расел Кроу донираше пари за да се спаси животот на една кукабара.

57-годишниот актер донираше непозната сума на пари во зоолошка градина во Австралија изминатиов викенд. Со својата донација тој ѝ овозможи на золошката градина да купи ендоскоп кој беше потребен за да се спаси повредената птица откако проголтала мала кука за риболов.

Веста за состојбата на птицата првпат ја откри твитер-профилот на Wildlife Warriors, добротворна организација основана во 2002 година од покојниот Стив Ирвин и неговата сопруга Тери Ирвин како начин да ги охрабри другите да ја поддржуваат заштитата на повредените и загрозени животни.

Добротворната организација твитна: „Арчи кукабара имаше проголтано кука за риболов кога пристигна во болницата за диви животни во AustraliaZoo. За лоцирање на предметот беше користен ендоскоп, по што беше безбедно отстранет. За среќа, Арчи заздраве и се врати во дивината.“

И во друг твит од самата Тери Ирвин, откриено е дека Расел донирал средства потребни за набавка на опремата за спасување живот.

Таа напиша: “Ви благодарам Расел Кроу што дониравте средства за набавка на овој ендоскоп кој спаси живот. Арчи навистина го ценеше тоа!“

Related posts

Мапа на гостопримството во Европа

CityLife

Здравствени придобивки на конзумирање на Наут

CityLife

Дакота Џонсон по улогата во последниот филм: Никогаш повеќе нема да направам вакво нешто

CityLife