Принцот Хари oткри дека еден од првите зборови на синот Арчи бил „баба“

Prince Harry Says Grandma Diana Was One Archie First Words Promo.jpg

Првите зборови на Арчи биле многу сентиментални за неговиот татко, принцот Хари.

Во неговата нова документарна серија на „Епл ТВ-плус“, The Me You Can’t See, што тој ja создаде заедно со Опра Винфри, војводата од Сасекс (36) откри дека еден од првите зборови на неговиот две-годишен син бил „баба“ климајќи со главата кон фотографија на принцезата Дијана.

Според Хари, фотографијата од неговата покојна мајка, која трагично почина на 36 години по сообраќајна несреќа во Париз (1997), моментално виси на ѕид во една соба во семејната куќа во која живее со сопругата Меган Маркл.

„Закачив слика од неа во собата каде што си игра, и еден од неговите први зборови – освен мама, тато – беше баба. Тој рече „баба Дијана”. „Тоа е најслаткото нешто, но во исто време, навистина ме растажува затоа што таа требаше да биде тука.“

„Мајка ми ќе беше неверојатно горда со мене,“ вели Принцот Хари, а медиумите споделија фотографија од него како мал во рацете на принцезата Дијана.

Related posts

Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната Бангаранга

CityLife

Rally Balkans се одржа од 22 до 25 мај

CityLife

„Нетфликс“ нема да емитува шпионска драма во Виетнам поради мапата на Јужното кинеско море

CityLife