Почна снимањето на „Џон Вик 4“

Фановите на популарниот серијал „Џон Вик“ добија неколку добродојдени вести во понеделникот кога еден од актерите откри дека дека во тек е снимањето на четвртиот дел од акционата сага.

Шамир Андерсон, кој е еден од новите ликови во серијалот со Киану Ривс како титуларен атентатор, на својот Инстаграм објави фотографија на која се гледа столче на локацијата за снимање, што значи дека филмот е пуштен во продукција.

„Започна …“ напиша тој, и ги означи продуцентските куќи кои го снимаат филмот.

Набргу по неговата објава на социјалните мрежи, официјалниот Твитер- профил на Џон Вик сподели фотографија со столот со опис: „Започна продукцијата на JohnWick4.

Филмската франшиза почна кога поранешен платен убиец тргна во потера по насилниците кои упаднаа во неговиот дом, му го украдоа неговиот винтиџ автомобил и го убија неговото сакано куче. Во продолженијата објавени во 2017 и 2019 година, Џон е во бегство откако водачот на бандата ќе постави награда за неговата глава.

Најновиот филм ќе се снима на локации во Франција, Германија и Јапонија.

 

Related posts

Расел Кроу се придружува на тимот на „Тор: Љубов и молња“

CityLife

Момче примено во Менса, подобро ги решило тестовите од Ајнштајн

CityLife

Внатре во замокот каде Кардашијанови ја снимаа последна епизода на реалното шоу 

CityLife