Пет пијалоци кои се поздрави од кафето

Shutterstock 251566309.jpg

Многу луѓе не можат да го започнат денот без првата шолја кафе. Сепак, кафето има потенцијални ризици поради неговата висока содржина на кофеин. Зато има напитоци кои се подобра варијанта од афето.

Зелен чај

Познат по своите антиоксидантни својства, зелениот чај содржи помалку кофеин од кафето. Комбинацијата на амино киселини и кофеин може да го зголеми нивото на вашата енергија.

Комбуха

Комбухата е одлична алтернатива на кафето. Содржи помалку кофеин, што значи дека не предизвикува потреси како кафето. Бидејќи е полна со пробиотици, добра е за здравјето на цревата, пишува „HealthShots“.

Златно млеко од куркума

Комбинирањето на куркума, ѓумбир и други зачини со млеко има антиинфламаторни и антиоксидантни својства. Ова може да ја зголеми стапката на согорување на мастите, што придонесува за процесот на губење на тежината.

Кокосова вода

Природен пијалок богат со електролити е одличен за хидратација. Пиењето кокосова вода наутро го подобрува варењето.

Билен чај

Различни видови растенија, како камилица или нане, се опции без кофеин, што значи дека имаат смирувачки ефект врз умот и телото. Билните чаеви можат да помогнат и во борбата против настинката и кашлицата.

Related posts

Објавени номинациите за „БАФТА“ телевизиските награди

CityLife

(ВИДЕО) Боно Вокс го скандираше името на Навални на концерт во Лас Вегас

CityLife

Ѕвездите го поддржаа апелот на УНИЦЕФ за дистрибуција на вакцини

CityLife