Пентхаус во „Риц Карлтон резиденсис“ во Мајами продаден за 21 милион долари

Пентхаус на цел кат во Ritz-Carlton Residences на плажата Sunny Isles во Мајами на Флорида е продаден за 21 милион долари, објави „Меншн глобал“во четвртокот,

Се простира на целиот 51-ви кат во 52-катен станбен облакодер на површина од 7,760 квадратни метри внатрешен простор. Пентхаусот вклучува четири спални соби и простории за персонал, шест бањи, голема просторија, дневна соба, семејна соба, пространа кујна со поглед, сала за вежбање, домашно кино и помошна просторија-остава, според двете дивелопер-компании  Fortune International Group и Château Group.

 

„Има високи таваници и поглед од 360 степени на целото крајбрежје и центарот на Мајами“, рече Едгардо Дефортуна, главен извршен директор и претседател на меѓународната групација „Форчун интернешнл груп“.

Купувачот е жител на САД. Неговиот идентитет не е откриен.

Related posts

Џиновската панда Фу Бао пристигна во Кина

CityLife

Tејлор Свифт издаде сопствена верзија на Fearless

CityLife

Дали Кина губи интерес за холивудските филмови?

CityLife