Паричките од Фонтана ди треви се употребуваат за добротворни цели

Trevi Fountain Rome Scaled.jpg

Паричките што туристите ги фрлаат во познатата Фонтана ди треви во Рим, заради желби за добро здравје, љубов или враќање во вечниот град, двапати неделно се вадат од барокната фонтана. Потоа тие ѝ припаѓаат на „Каритас“ (Caritas) – добротворна организација на Католичка црква, а тоа се користи за финансирање на народната кујна и други општествено корисни работи, пренесува Танјуг.

„Вечниот Град“ во Италија е еден од најпосетуваните места во светот – со околу 21 милион туристи годишно. Фонтаната ди треви, обмислена и осмислена од италијанскиот архитект Никола Салви во 18. век, прикажува статуа на богот Тритон и илустрација на темата за скротување на водата. Околу оваа фонтана е снимена една од најпознатите филмски сцени – од делото на режисерот Федерико Фелини, „Сладок живот“ (La Dolce Vita), каде што Анита Екберг и го кани Марчело Мастројани да ѝ се придружи…

Добротворната „Каритас“ од фонтаната во 2022 година собра 1,4 милиони евра. Податоците за лани сѐ уште не се објавени, но се очекува бројката да е поголема.

Легендата вели дека ако се фрли паричка во фонтаната со десната рака преку левото рамо, тој/таа повторно ќе се врати во Рим. Но, и накит, протези, разни верски предмети, па дури и папочна врвца се нашле во фонтаната, поради што, меѓу другото, таа се суши за чистење двапати месечно.

А, вадењето парички е занимлив настан, во којшто четворица комунални работници со посебен метод, со балансирање, долги лостови и цевки за вшмукување спроведуваат испумпување на водата. Монетите потоа се собираат и се предаваат на чистење, сушење, сортирање и броење. Фонтаната тој ден е затворена за посетителите.

Кога влезот кај фонтаната е забранет, а турист го прекрши ова правило, плаќа казна. Таблите околу фонтаната појаснуваат дека монетите се за добротворни цели и оти земањето од фонтаната е, исто така, казниво. 

Related posts

Знак на артритис кој може да се препознае преку очите

CityLife

Инстаграм предупредува малолетници да не ја користат таа платформа навечер

CityLife

Опра Винфри има финансиска корист од промовирање на Оземпик

CityLife