Онколозите предупредуваат дека честото користење пластични садови може да предизвика појава на рак

Image 2026 07 08 201752190.png

Поради практичноста и ниската продажна цена, користењето пластични садови стана тренд во секој дом. Според онколозите, оваа современа навика е поопасна отколку што изгледа.

– Моите пациенти често бараат едноставен одговор на прашањето зошто заболеле од рак, но реалноста е многу посложена, изјавил д-р Сунил Камат, онколог на клиниката во Кливленд, во интервју за магазинот Парада. Една од причините за појава на оваа опака болест е средината во која живееме и секојдневните навики. Тука спаѓа, меѓу другото, и начинот на кој ја чуваме храната, додал д-р Камат.

Според него, употребата на пластичниот прибор не е единствениот проблем. Клучниот проблем е што пластичните садови содржат хемикалии, односно супстанции како БПА, фталати и стирен, кои можат да преминат во храната, особено кога садовите се изложени на високи температури или кога се користат подолг временски период.

Според д-р Адил Кан, хематоонколог и епидемиолог, ваквите факти треба да се сфатат сериозно

– Сознанието дека хемикалиите од пластиката можат лесно да преминат во храната треба сериозно да ги загрижи луѓето, предупредува д-р Кан.

Related posts

Дали маслиновото масло се расипува?

CityLife

Ким Кардашијан ја купи облеката на Џенет Џексон од музчкиот спот If

CityLife

Метју Пери ја раскина свршувачката со Моли Хурвиц

CityLife