Нов живот на југот на Франција: Амал и Џорџ Клуни се омилени жители на мало гратче

Download 3 2.jpg

Иако имаат луксузна вила во Велика Британија, куќи во Америка, како и омилена летна локација на италијанското езеро Комо, Амал и Џорџ Клуни решиле да ги одгледуваат своите деца во мало гратче на југоистокот на Франција, во многу саканиот регионот на Прованса, каде што купиле и преуредиле селска куќа куќа од 18 век

Во малиот град Брињол, на југоисточниот дел на Франција, животот се уште е како во старите добри времиња. Стари куќи со прекрасни фасади, фонтани од средниот век и жители кои се познаваат и со задоволство си помагаат.

Токму ова гратче ја воодушеви славната холивудска двојка до тој степен што таму во 2021 година купија селска куќа од 18 век, која потоа ја преуредиле и на крајот се вселиле со нивните близнаци Ела и Александар. Она што особено ги импресионираше е тоа што таму можат нормално да живеат, без соседите да ги малтретираат и демнеат секој ден и да продаваат информации и фотографии на таблоидите.

Меѓу 2000-те жители, колку што има во малото гратче, Џорџ и Амал Клуни одлично се вклопија, а нивната пристапност и едноставност ги воодушевија сите од прва.

Во мај 2021 година, парот го купи имотот на Канадел за 8 милиони евра. За разлика од, на пример, Бред Пит, кој само повремено доаѓа во замокот Миравал во Франција, семејството Клуни трајно се населиле во овој мал град.

И градоначалникот Дидие Бремонд не го крие својот ентузијазам за новите жители: „Никогаш не го гледаме Бред Пит, чиј замок е на само десет минути од имотот Канадел. Џорџ Клуни е нешто друго. Неговото присуство внесува нов дух во градот. Зголемена е и побарувачката за реновирање на недвижен имот.’

Џорџ Клуни јасно им стави до знаење на жителите дека доколку има потреба ќе им помогне и финансиски во некои проекти. Тој ја избрал идејата на градоначалникот за фарма за производство на овошје и зеленчук за локалните училишта, која на крајот би требало да чини околу 200 илјади евра. Не се знае колку ќе придонесе познатиот актер, но познавајќи го нема да биде скржав, особено кога знае дека со таков ангажман ќе се обезбедат 1.200 дневни оброци за училиштата.

А Клуни навистина ужива во својот нов дом, околу кој се засадени 2000 маслинки кои служат како „ограда“, а има и 5 хектари винова лоза. Куќата од 900 квадратни метри ја реконструирал во италијански стил, инспириран од вилата што ја поседува на езерото Комо. Има базен, тениско игралиште, но и борова шума со езерце скриено од поглед.

Бидејќи одржувањето е многу напорно, тој ангажира локални жители кои се задолжени за тоа. Никој не открива премногу детали бидејќи сите потпишаа клаузули за доверливост.

Related posts

Лекар препорачува да ги практикуваме овие навики доколку сакаме да живееме десет години подолго

CityLife

Елен Деџенерис најави крај на своето шоу по 19 години во етерот

CityLife

Истанбул е најпосетуваниот град во светот

CityLife